По негова апликација и сушење може да стои на температури од -35С до +80С.
Резистентен (отпорен) е на УВ зраци.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА:
Подлогата претходно да биде чиста, сува, без прашина и обезмастена. Прво се нанесува полигрунд 1к еластик подлога. Врз неа се премачкува ТЕЧНАТА ГУМА. При апликација на првата рака може да се разреди со вода до 15%. За втората и третата рака се аплицира неразреден. Се нанесува со кончан ваљак или со четка (за помали површини) или со шприцање – за поголеми површини. Секоја наредна рака, ТЕЧНАТА ГУМА се нанесува после исушување на претходната. Времето на сушење е неколку часа во зависност од временските прилики. Се нанесува исклучиво на сува површина.
НАПОМЕНА:
Додека не се исуши, не смее да дојде во контакт со вода или друга течност. Се аплицира исклучиво на температури над 5С и не се препорачува да се работи на температури над 35С. Се аплицира 2-3 раце во зависност од површината и потребата. По потреба може да се армира со стаклена мрежичка или микрофиберни влакна на ивици и агли каде е потребно појачување. Приборот и рацете се мијат со вода.
ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА:
При работа се препорачува користење на лични средства за заштита.
ПОТРОШУВАЧКА:
Во зависност од намената и рапавоста на површината, потрошувачката се движи: од 1кг. до 1,2кг./м2 (при рамни површини) и 1,5 до 2,0 кг./ м2 (при нерамни површини)
РОК НА ТРАЕЊЕ:
Една година во оргинална неотворена амбалажа
УСКЛАДИШТУВАЊЕ:
Во простории со температура од 5С до 35С. Не се препорачува негово чување подолго време на сончево влијание. Производот не смее да замрзне!!!