Течна гума 1/1 СТП

Течна гума 1/1 СТП

380 ден.
Шифра на производ: STP
Достапност: На залиха
Количина:

ТЕЧНА ГУМА е специјална заптивна емулзија за ѕидови, рамни кровови, подруми, купатила, темели, базени, фонтани, балкони и било кои други бетонски површини. Филмот добиен со ТЕЧНА ГУМА е
многу еластичен, траен, водоотпорен и декоративен во исто време. Може да се употребува внатре и надвор, на стари и нови површини. Идеален е за површини со пукнатини поради својата еластичност. Исто така отпорен е и на создавање нови пукнатини на веќе покриена површина. Се аплицира врз: малтер, цигли, натур бетон, гипс, стакло, дрво, иверица, метал и др. Може да се аплицира пред лепење на керамички плочки како и врз нив.

ОСОБИНИ:
Филмот што го формира ТЕЧНА ГУМА, е комплетно отпорен на надворешни влијанија во подолг временски период. Површините премачкани со ТЕЧНА ГУМА се рамни, без споеви и фуги. Производот може да се пигментира.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ:
Изглед: Густа еластична емулзија на водена база
Нијанса: Основна бела боја или било која друга нијанса по нарачка
Спец. Тежина: 1,15гр./см3 рН вредност : 8 9
Состав: пигменти, полнители, стабилизатори, емулгатори, рН регулатор, подобрувачи
Производот е еколошки: не е токсичен
Одлична еластичност и издржливост на временски неприлики.

 

По негова апликација и сушење може да стои на температури од -35С до +80С.
Резистентен (отпорен) е на УВ зраци.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА:
Подлогата претходно да биде чиста, сува, без прашина и обезмастена. Прво се нанесува полигрунд 1к еластик подлога. Врз неа се премачкува ТЕЧНАТА ГУМА. При апликација на првата рака може да се разреди со вода до 15%. За втората и третата рака се аплицира неразреден. Се нанесува со кончан ваљак или со четка (за помали површини) или со шприцање – за поголеми површини. Секоја наредна рака, ТЕЧНАТА ГУМА се нанесува после исушување на претходната. Времето на сушење е неколку часа во зависност од временските прилики. Се нанесува исклучиво на сува површина.

НАПОМЕНА:
Додека не се исуши, не смее да дојде во контакт со вода или друга течност. Се аплицира исклучиво на температури над 5С и не се препорачува да се работи на температури над 35С. Се аплицира 2-3 раце во зависност од површината и потребата. По потреба може да се армира со стаклена мрежичка или микрофиберни влакна на ивици и агли каде е потребно појачување. Приборот и рацете се мијат со вода.

ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА:
При работа се препорачува користење на лични средства за заштита.

ПОТРОШУВАЧКА:
Во зависност од намената и рапавоста на површината, потрошувачката се движи: од 1кг. до 1,2кг./м2 (при рамни површини) и 1,5 до 2,0 кг./ м2 (при нерамни површини)

РОК НА ТРАЕЊЕ:
Една година во оргинална неотворена амбалажа

УСКЛАДИШТУВАЊЕ:
Во простории со температура од 5С до 35С. Не се препорачува негово чување подолго време на сончево влијание. Производот не смее да замрзне!!!

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Течна гума 1/1 СТП ТЕЧНА ГУМА е специјална заптивна емулзија за ѕидови, рамни кровови, подруми, купатила, темели, базени, фонтани, балкони и било кои други бетонски површини. Филмот добиен со ТЕЧНА ГУМА е многу еластичен, траен, водоотпорен и декоративен во исто време. Може да се употребува внатре и надвор, на стари и нови површини. Идеален е за површини со пукнатини поради својата еластичност. Исто така отпоре.. Category: Product #: STP Regular price: 380 ден. 380
Available from: Komercium
Komercium © 2024. UKION SHOPS