АКВАСТОП 1К
ЕДНОКОМПОНЕНТНА ЕЛАСТИЧНА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА
КАРАКТЕРИСТИКИ:
Еластична полимерна хидроизолација за внатрешна и надворешна употреба. Се аплицира на вертикални и хоризонтални површини. Лесна за апликација, без разредување. Погодна за апликација врз: бетон, гипс, гипс-картон, малтер, вар, дрво и др.
ПРИМЕНА:
Подрумски простории, базени, кујни, купатила, подземни паркинзи, тераси, рамни кровови,
УПУТСТВО ЗА УПОТРЕБА:
Подлогата на која се нанесува AQUASTOP IK мора да биде чиста и сува со максимала влажност од 8%, доколку бетонската подлога е испукана, пукнатините се пополнуваат со DILAKIT и сл. а потоа се премачкува со POLI- GRUND. По негово сушење, со четка или ваљак се нанесува AQUASTOP 1K која е потребно пред употреба добро да се промеша. Откако ќе се исуши нанесениот прв слој, се нанесува втор слој и се остава потполно да се суши. Третиот слој е препорачлив за поголема сигурност. Секој слој се нанесува врз претходно исушен слој. Се нанесува при температури над 5°С и не се препорачува да се работи на температури над 35°С. Не се препорачува чување подолго време на сончева топлина. Време на сушење на собна температура 6-8 часа. После работа приборот се мие со вода.
ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА:
При работа се препорачува користење на лична заштитна опрема, според законските прописи во државата каде се користи овој производ. На кожата и дишните патишта нема штетни влијанија.
ПОТРОШУВАЧКА:
Во зависност од рапавоста на површината, од 0,8-0,9 кг/м2 во два слоја.
РОК НА ТРАЕЊЕ:
Мин. 1 година во оргинална неотворена амбалажа како и добро ускладиштена.
УСКЛАДИШТУВАЊЕ:
Во оргинално пакување. Рок на употреба 12 месеци на температура од +5°С до +35°C. Производот да не се чува подолг период изложено на сончева топлина.
ПАКУВАЊЕ
Се испорачува во пластична амбалажа од 5 кг. и по договор со купувачот.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар